За платформи

Форум за владеење на правото

 

Регионалниот форум за владеење на правото кој се одржува секоја година, a беше воспоставен од страна на центарот AIRE од Лондон и организацијата Civil Rights Defenders во 2014 год., е еден од најзначајните настани во годината наменет за претставниците на судството, правниците и претставниците на невладините организации од Западниот Балкан. Форумот има за цел да го промовира спроведувањето на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да ја поттикне регионалната соработка и да помогне во процесот на европска интеграција на регионот. Секоја година, на форумот се собираат судиите од регионот кои судат во Европскиот суд за човекови права, претставниците на врховните и уставните судови од регионот, претседателите на судските совети, директорите на судските академии и институциите за обука во судството, владините агенти пред судот во Стразбур, претставниците на невладините организации и истакнати правни експерти како би расправале за некои од клучните прашања со кои се соочуваат балканските земји кога станува збор за заштитата на човековите права.

 

Платформа за владеење на правото за Западен Балкан

 

Платформата за владеење на правото за Западен Балкан произлезе од Форумот за владеење на правото како резултат на тоа што центарот AIRE од  Лондон и организацијата Civil Rights Defenders ја препознаа потребата за регионална интернет платформа која ќе обезбедува информации за развојните текови, практиките и искуствата од областа на валдеењето на правото на Западниот Балкан. Таа пружа сеопфатен увид во владеењето на правото и заштитата на граѓанските права  во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и се потпира на помошта која доаѓа од група правни експерти и практичари. Платформата има три клучни цели: да го промовира спроведувањето на Европската конвенција за човекови права и другите клучни меѓународни инструменти во националните судови во регионот, да се зајакнат националните капацитети за исполнување на барањата за владеење на правото неопходни за членство во Европската унија и да се унапреди соработката и размената на најдобрите практики меѓу правните институции во различните земји во регионот.

За Civil Rights Defenders

Civil Rights Defenders е независна експертска организација која пружа помош на лицата чии граѓански и политички права се прекршени или постои ризик да бидат прекршени во земјите каде што речиси и не постои почитување на човековите права. Тие сметаат дека светот во кој слободите и правата на поединците се почитуваат е побезбеден свет. Визијата која Civil Rights Defenders се труди да ја постигне преку својата работа е мирен и безбеден свет во кој ќе има слобода и правда за сите. Со таа цел, тие работат на обезбедување пристап на поединците до граѓанските и политичките права што државите во светот се должни да ги обезбедат.

 

На тоа работат сами и во соработка со бранителите на човековите права во локалните средини, кои се поблизу до оние чии права се прекршени. Civil Rights Defenders се залагаат за оснажување на бранителите на човековите права во диктатурите, во земјите што имале авторитарни режими во минатото или во кои се воделе војни.

 

Тие веруваат дека на сите држави им треба силно граѓанско општество кое ги следи оние кои се на власт со цел да продолжат да се развиваат во позитивна насока. Затоа тие работат паралелно на заштитата на човековите права и на оснажување на своите партнери.

Повеќе информации на crd.org

За AIRE

Центарот AIRE е невладина организација која промовира свест за правата кои произлегуваат од европското право и обезбедува поддршка за жртвите чии човекови права се прекршени. Тим меѓународни адвокати обезбедува информации, поддршка и совети за правните стандарди на Европската унија и Советот на Европа. Организацијата има особено искуство во судски постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и има учествувано во повеќе од 150 предмеџти. Во текот на последните 20 години центарот AIRE има спроведено и учествувано на голем број семинари во Централна и Источна Европа за адвокати, судии, владини претставници и невладини организации.

 

Центарот AIRE ги става во својот фокус првенствено земјите од Западниот Балкан, каде што повеќе од петнаесет години спроведува низа долгорочни програми за владеење на правото во партнерство со домашните институции и судови. Наша цел во текот на овие програми беше да го промовираме спроведувањето на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да помогнеме во процесот на европска интеграција преку зајакнување на владеењето на правото и целосно признавање на човековите права и да ја поттикнеме регионалната соработка меѓу судиите и правните експерти.

 

Повеќе информации на  airecentre.org