2018

Петти Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

16-17 МАРТ 2018 – ХОТЕЛ МАРИОТ, СКОПЈЕ

Фокусот на петтиот форум беше забраната на мачењето, нечовечкото и понижувачко постапување или казнување, содржани во Член 3 на ЕКЧП. Некои од главните теми и прашања разгледани на форумот беа: позитивните обврски на државата и применливоста на членот 3 во притворските одделенија, лошото постапување кон особено ранливите лица, вклучувајќи ги и децата и лицата со психички потешкотии, лошото постапување во контекст на мигрантите, како како и употребата на докази добиени преку мачење во кривичните постапки.


Извештај

Петтиот Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа се одржа на 16-ти и 17-ти март 2018 година во Скопје, Македонија, во хотелот Мариот. Форумот, воспоставен од центарот AIRE и Civil Rights Defenders со поддршка на владите на Велика Британија и Шведска, како и на Советот за регионална соработка, обезбедува платформа за промовирање на спроведувањето на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во Југоисточна Европа. Целта е да се поттикне регионалната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и да им се помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на интеграција во ЕУ. Петтиот по ред ваков форум беше посветен на забраната за мачењето, нечовечкото или понижувачко постапување или казнување, содржани во член 3 од ЕКЧП. На форумот беа застапени Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Учесниците од овие земји вклучуваа сегашни и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права, претседатели и судии на националните врховни и уставни судови, претседатели и претставници на националните судски совети, директори на академиите и институциите за обука во судството, владини агенти пред ЕСЧП, претставници на невладините организации и истакнати правни експерти. Во текот на еден и пол ден се држеа презентации и водеа панел дискусии, како и интерактивни работни групи кои им дадоа можност на учесниците да се сретнат и да го дадат својот придонес.