2015

Втор Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

6 И 7 МАРТ 2015 год. – БЕЛГРАД, СРБИЈА, ХОТЕЛ ФАЛКЕНШТАЈНЕР, БЕЛГРАД

Во 2015 год. Форумот беше посветен на член 6 од Европската конвенција за човекови права, со кој се гарантира правото на правично судење. Ова право е од фундаментално значење во едно демократско општество, заземајќи централно место во системот на Конвенцијата. Членот 6 претставува одредба од Конвенцијата на која најчесто се повикувааат жалителите пред Европскиот суд за човекови права. Земјите од регионот на Западниот Балкан имаат исклучително голем број на жалби пред судот во Стразбур во врска со правото на правично судење. Многу од овие случаи се слични и се доказ за постоењето на системски проблеми во домашните правни системи во регионот. Прашањата за кои се поведе расправа на форумот се однесуваат на: должината на постапките, извршувањето на пресудите и правото на образложена пресуда.


Извештај

Вториот Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа се одржа на 6-ти и 7-ми март 2015 година во Белград, Србија, во хотелот Фалкенштајнер. Форумот за владеење на правото е иницијатива на центарот AIRE и организацијата Civil Rights Defenders, која се спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Комонвелтот и Владата на Шведска. Форумот обезбедува платформа за: промоција на спроведувањето на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) на национално ниво во земјите во целиот регион; поттикнување регионалната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и почитувањето на човековите права; и пружање помош во процесот на интеграција на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ. Темата за оваа година беше член 6 од ЕКЧП, со кој се гарантира правото на правично судење. Ова право е од фундаментално значење во едно демократско општество, заземајќи централно место во системот на Конвенцијата. Членот 6 претставува одредба од Конвенцијата на која најчесто се повикувааат жалителите пред Европскиот суд за човекови права. Некои од земјите во регионот имаат исклучително голем број на жалби пред судот во Стразбур по глава на жител, особено во однос на правото на правично судење. Многу од овие случаи се слични и укажуваат на постоењето на системски проблеми во домашните правни системи во регионот. Учесниците доаѓаа од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово 2 *, Македонија, Црна Гора и Србија. Форумот собра на едно место претседатели и судии на врховните судови и уставните судови од регионот, директори на академиите и институциите за обука во судството, владини агенти пред судот во Стразбур, претставници на невладини организации и истакнати правни експерти во оваа област.