27 Мар Проценка на работата на институциите на Босна и Херцеговина во борбата против дискриминацијата
Проценката на работата на институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) во борбата против дискриминацијата, подготвена од Мисијата на ОБСЕ во БиХ, беше презентирана денес во Сараево по повод десетгодишнината од донесувањето на Законот за забрана на дискриминација.
Како резултат на донесувањето на Законот за забрана на дискриминација и неговите последователни измени, пред домашните судови и пред Народниот правобранител за човекови права на БиХ се покренати значителен број предмети поврзани со дискриминација. Овие предмети се поврзани со разни општествени сфери, како што се системската дискриминација во образованието, на работното место, можностите за вработување, како и пристапот до социјалните и здравствените услуги.
Извештајот ја анализира работата на судството, институцијата Народен правобранител на БиХ и Министерството за човекови права и бегалци на БиХ како клучни институционални актери во борбата против дискриминацијата во БиХ. Исто така, Извештајот го оценува напредокот што е постигнат во спроведувањето на законодавството за борба против дискриминацијата во текот на изминатите десет години.
Извештајот, исто така, ги идентификува недостатоците што БиХ треба да ги отстрани во своите механизми за борба против дискриминацијата и нуди низа препораки за подобрување на секој од клучните институционални актери во оваа важна област.
Овде можете да го најдете извештајот:https://www.osce.org/mission-to-bosnia-and-herzegovina/414671?download=true
Преземено од официјалната веб-страница на Организацијата за безбедност и соработка во Европа