Регулаторни тела за медиуми и заштита на малолетни лица

Во рамките на програмата на Советот на Европа и Европската унија „Зајакнување на правосудното експертско знаење за слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа“ (JUFREX)”, организирани се неколку регионални конференции за регулаторните тела за електронски медиуми насочени кон  прашањата од заеднички интерес и нивното заедничко решавање. По изготвувањето на многу успешната публикација на тема говор на омраза – „Регулаторни тела за медиуми и говор на омраза“ (2017), националните регулаторни тела кои учествуваа на регионалните конференции JUFREX од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, со поддршка на нивните хрватски колеги, предложија да биде изготвена оваа публикација, која обработува еднакво важна тема – заштита на малолетни лица од штетни содржини. Оваа публикација вклучува информации за значајни случаи на заштита на малолетни лица на кои работеле надлежните тела во регионот. Исто така, еден дел од публикацијата е посветен на улогата на националните регулаторни тела во врска со оваа тема, вклучувајќи ги нивните законски и регулаторни надлежности.

Во денешниот неверојатен свет, повеќето информации ни ги даваат медиумите во многу форми. Медиумите играат исклучително важна улога во животот на децата. Децата се опкружени со медиуми уште од раѓање – медиумските и комуникациските платформи и содржини се дел од опкружувањето, семејниот живот, забавата и играта, навиките за учење и развојот на социјалните вештини.

Целта на оваа публикација е, меѓу другото, да придонесе за пошироко разбирање на концептот на заштита на малолетни лица од штетни содржини во аудиовизуелните медиумски сервиси, улогата на националните регулаторни тела во оваа област, потребата да се ангажираат различните актери за да се обезбеди безбедно опкружување за развојот на децата и малолетниците и на интернет и надвор од него; да обезбеди почетна основа за изготвување препораки и механизми за заштита на малолетни лица, како и да се олеснат натамошните напори и иницијативи во оваа насока.

Публикацијата може да ја најдете тука: https://rm.coe.int/media-regulatory-authorities-and-protection-of-minors-serbian-/168096847b

Преземено од веб-страницата на Советот на Европа