Последната „прва Парада на гордоста“ на Балканот – сараевската Парада на гордоста Парада на гордоста

Последната „прва Парада на гордоста“ на Балканот – сараевската Парада на гордоста –  најавена е за 8-ми септември, но најавени се и 2 контра-протести за 9-ти септември.

Организацискиот комитет на сараевската Парада на гордоста по тој повод ја потсети јавноста и институциите дека Парадата на гордоста на надлежните институции им била најавена уште на 1-ви април. Од први април до денес, организаторите одржуваат редовни состаноци со претставниците на Министерството за внатрешни работи и полициската управа на сараевскиот кантон, како и со други релевантни институции. Тие, исто така, истакнаа дека секоја неоснована забрана на Парадита на гордоста би претставувала кршење на Законот за јавно собирање на кантонот Сараево, основа за поведување судски постапки и повторно санкционирање на Владата на кантонот Сараево.

Парадата на гордоста во Босна ќе се одржи под слоганот „Има за надвор (за излегување)/ориг. Ima izać“! Тоа е вообичаен термин што може да се чуе во јавниот превоз низ цела Босна и Херцеговина. Во исто време, термините „излегување од плакарот“ или „само излегување“ се термини преку кои ЛГБТИК лицата ја искажуваат својата сексуална ориентација, родов идентитет и/или надворешни карактеристики.

Најголемите проблеми за ЛГБТИК луѓето во босанското општеството се невидливоста, изолираноста, непрепознатливоста, неприфаќањето и насилството, како во јавниот, така и во приватниот простор. Заради страв од неразбирање, отфрлање или насилство, поголемиот дел од ЛГБТИК лицата сè уште не избираат да ја соопштат својата сексуална ориентација, родовиот идентитет или надворешните карактеристики на семејството, и затоа се принудени да кријат дел од нивниот живот и оние што ги сакаат.

Преземено од страницата Има за надвор (Ima izać) Парада на гордоста 2019 https://povorkaponosa.ba/o-bh-povorci-ponosa/