„Недела на гордоста“ во Белград

„Неделата на гордоста 2019“ во Белград ќе трае од 9-ти до 15-ти септември и ќе заврши со прошетка и парада под слоганот „Не се откажувам“, објавија организаторите.

Претставникот на белградската Недела на гордоста, Марко Михајловиќ, објави на прес-конференција дека маршот на 15 септември ќе започне во 17.00 часот од Славија, а ќе заврши со концерт во паркот Мањеж.

Рутата на оваа парада ќе помине по улицата Краља Милана, преко плоштадот „Никола Пашиќ“, а поворката ќе помине и покрај зградата на Собранието и по улицата Кнеза Милоша, па се’ до зградата на Владата и ќе заврши кај паркот Мањеж.

За време на Неделата на гордоста, која ќе и’ претходи на Парадата на гордоста, ќе има околу 60 организирани настани, а еден од најважните, според организаторите, е изложбата „Балканска гордост“, која ќе биде отворена на 9 септември во Културниот Центар Град (КЦ Град ). На изложбата ќе биде прикажана колекција на фотографии од Паради на гордоста кои се одржувале во балканските градови.

На прес-конференција во белградскиот парламент, исто така, беше објавено дека Белград е еден од петте кандидати за домаќин на EuroPride за 2022 година. Станува збор за годишен настан што се одржува во еден од европските градови, а Белград како домаќин би добил признание за долгогодишната борба за унапредување на правата на ЛГБТ заедницата, и покрај насилството со кое се соочуваат со децении.

Повеќе за настанот можете да најдете тука: http://parada.rs/en/pride-week-2019-eng/

Преземено од вебсајтот на Парадата на гордоста во Белград 2019

Tags: