Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) изјавил дека Унгарија мора да обезбеди храна за барателите на азил

Унгарија мора да обезбеди храна за барателите на азил кои се задржани во граничен притвор на транзитните зони, изјавил Европскиот суд за човекови права (EСЧП).

Групите на бранители на човекови права изјавиле дека унгарските власти одбиле да обезбедат храна за некои баратели на азил кои биле задржани во два гранични притвора отворени кон Србија, додека чекаат исход од своите жалби против одлуката за отфрлање на барањето за азил.

Хелсиншкиот комитет, во својата изјава од 17 август навел дека бара од ЕСЧП да интервенира за овие нехумани постапки на унгарската граница.

ЕСЧП, во одговор на прашањето кое го поставил Ројтерс (Reuters), рекол дека ЕСЧП побарал од Унгарија да обезбеди храна за барателитево четири случаи за лица кои се сместени во граничен притвор.

Хелсиншкиот комитет во новата изјава која е објавена на нивната интернет страна навел дека сите баратели на азил во граничен притвор добиле храна.

“Денес…на сите баратели на азил на кои им е одбиено барањето за азил им е обезбедена храна”, наведува Хелсиншкиот комитет.”Ја поздравуваме позитивната промена во праксата на властите, но без законодавни промени, азилантите и понатаму може да бидат лишени од храна во кој било момент.”

Унгарскиот парламент во јуни ги усвои законите со кои се инкриминира давањето на некои видови помош на илегалните имигранти. Унгарија исто така изјави дека не прифаќа барања за азил од мигрантите кои доаѓаат од државите во кои се сметаат за безбедни од прогон или ризик да трпат сериозни неправди, или пак од држави во кои е обезбедено соодветно ниво на заштита.

Со оглед на тоа што сите баратели на азил стасале преку Србија, која Унгарија ја класифицира како сигурна држава, нивните барања може да бидат отфрлени. Европската комисија изјавила дека промените не се во согласност со правото на ЕУ и дека е поведена постапка против Унгарија.

Преземено од официјалната интернет страна за вести на Ројтерс (Reuters)